ПО ПОВЕЌЕ МЕСЕЦИ БЛОКАДА РЕАЛИЗИРАНА ДОНАЦИЈАТА НА ФАКТОР 8 ЗА ХЕМОФИЛИЈА ОД 500.000 ДОЛАРИ

    ПО ПОВЕЌЕ МЕСЕЦИ БЛОКАДА РЕАЛИЗИРАНА ДОНАЦИЈАТА НА ФАКТОР 8 ЗА ХЕМОФИЛИЈА ОД 500.000 ДОЛАРИМинистерот Клековски кажа дека е потребно да профункционира регистар на хемофиличари (Фото: СДК.МК)

    Институтот за трансфузиона медицина доби донација од 1,2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, чија вредност изнесува околу 500.000 долари. Донацијата доаѓа по повеќе месеци блокада поради административни и бирократски проблеми.

    „Благодарение на упорноста на Здружението на хемофиличари и на Институтот се овозможи надминување на сите пречки и од оваа недела лекот е достапен за Институтот, а набрзо и за пациентите. Оваа донација значително ќе ја подобри состојбата на засегнатата група пациенти со хемофилија“, кажа министерот за здравство Сашо Клековски.

    Тој потврди дека донацијата е од САД, поради што и се одолжи нејзината реализација.

    „Бидејќи лекот не е со европска регистрација, ни беа потребни посебни сертификати за квалитет и тоа сега се заврши“, рече Клековски.

    Од Институтот за трансфузиона медицина нагласија дека пациентите со хемофилија се регуларно покриени со терапија, а оваа донација е потребна за случаи кога се планира некој хируршки зафат. Во таа насока, Клековски кажа дека е потребно да профункционира регистар на хемофиличари, за да можат да се најавуваат и следат вонредни состојби, како одење на стоматолог и планирање бременост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира