САД ЌЕ СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ НАЗАД ЗА ВОЕНАТА ПОМОШ ЗА УКРАИНА, КАЖА ТРАМП

    САД ЌЕ СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ НАЗАД ЗА ВОЕНАТА ПОМОШ ЗА УКРАИНА, КАЖА ТРАМПТрамп ја обвини владата на Џо Бајден што бесплатно давала воена помош (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека ќе побара од европските земји да ја вратат воената помош испратена од САД во Украина за тековната војна со Русија и сигнализираше прекин на продажбата на оружје на сојузничките земји.

    Во објава на социјалните мрежи, Трамп ги критикуваше извештаите за исцрпените американски залихи на муниција поради војната во Иран, додавајќи дека САД го зголемуваат производството и складираат муниција.

    Ги земаме за себе, за САД, наместо да ги продаваме на други, но продажбата на сојузниците наскоро повторно ќе започне“, напиша Трамп и додаде:

    „Стотици милијарди долари им беа дадени на Украина и НАТО бесплатно, што Европа ќе го платеше, само да ѝ беше побарано. Но, ние ќе си ги бараме тие пари, иако малку доцна“, рече Трамп, обвинувајќи ја администрацијата на Џо Бајден за ова.

    Минатата година, САД и НАТО ја развија иницијативата Листа на приоритетни барања за Украина, според која европските земји плаќаат за снабдување на Украина со американско оружје.

    САД пред два дена ги обновија нападите врз Иран, за кои Трамп кажа дека нема да траат долго. Војните во Украина и Иран и нивните економски шокови би можеле да влијаат на тоа дали републиканците на Трамп ќе ја задржат контролата во двата дома на Конгресот по изборите во ноември. Американскиот министер за финансии Скот Бесент оваа недела се обиде делумно да ги обвини неодамнешните украински напади врз руските енергетски цели за зголемувањето на цените на нафтата и гасот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира