Две лица се извлечени живи од тунел поврзан со хидроцентрала на реката Тришули, девет дена по катастрофалната поплава во Непал, во која загинаа повеќе од 1.200 луѓе, а десетици илјади беа раселени.
Властите и спасувачите веруваат дека уривањето на глечер на 26 август заробило најмалку 900 луѓе во тунели поврзани со шест хидроелектрани по должината на реката.
Досега е потврдено дека во Непал загинале 1.259 луѓе, а над 4.200 се исчезнати, додека во соседниот Тибет има 21 загинат и 541 исчезнат.
Двајцата работници извлечени од тунелот кај хидроцентралата „Тришули 3А“ се првите кои се спасени од хидроенергетските проекти. Според властите, спасувачите првпат слушнале гласови од внатрешноста на тунелот утрово, што потврдило дека има живи луѓе и им овозможило да ги лоцираат двајцата мажи.
„Чекаме спасување на сè повеќе луѓе“, изјави непалскиот министер за комуникации Бикрам Тимилсина.
Се верува дека се исчезнати најмалку 557 работници од хидроцентралата „Тришули 3А“, од кои 115 се заглавени во тунелот.



