ОБЕДИНУВАЊЕТО НА ИРСКА Е НЕИЗБЕЖНО, БИ САКАЛ ТОА ДА СЕ СЛУЧИ СЕГА, КАЖА ТРАМП ВО ДАБЛИН

    ОБЕДИНУВАЊЕТО НА ИРСКА Е НЕИЗБЕЖНО, БИ САКАЛ ТОА ДА СЕ СЛУЧИ СЕГА, КАЖА ТРАМП ВО ДАБЛИНТрамп со ирскиот премиер Мајкл Мартин. (Фото: Ајриш Тајмс/принтскрин)

    Американскиот претседател Доналд Трамп утрово допатува во Даблин во дводневна посета на Ирска, каде што имаше средби со највисоките ирски функционери, а планира и да игра голф.

    За време на посетата, Трамп се осврна на прашањето за обединувањето на Ирска со Северна Ирска, велејќи дека би сакал да види обединета земја и прогнозираше дека тоа на крајот секако ќе се случи. Според неговото гледиште, најдобро е тој процес да се реализира уште веднаш и додаде дека ирскиот премиер Мајкл Мартин е вистинскиот човек што може да помогне тоа да се придвижи.

    Трамп рече дека неговата намера не е да предизвикува никакви проблеми, наведувајќи дека има прекрасни луѓе за пријатели на двете страни. Тој објасни дека станува збор за ирски народ кој не може да биде лош и додаде дека евентуалното обединување би било фантастична работа и голем успех за сите.

    Американскиот претседател дополни дека Обединетото Кралство секако ќе има свои коментари и забелешки за ваквиот развој, но изрази уверување дека обединувањето би претставувало позитивен чин во кој не гледа ништо лошо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира