ТРАМП ТВРДИ ДЕКА РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ДОГОВОРИЛЕ ДА НЕ ГИ НАПАЃААТ ЕНЕРГЕТСКИТЕ ЦЕЛИ

    ТРАМП ТВРДИ ДЕКА РУСИЈА И УКРАИНА СЕ ДОГОВОРИЛЕ ДА НЕ ГИ НАПАЃААТ ЕНЕРГЕТСКИТЕ ЦЕЛИТрамп смета дека растот на цената на дизелот е главно предизвикан од војната помеѓу Русија и Украина (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ги напаѓаат енергетските цели.
    Во објава на со
    цијалните мрежи, американскиот претседател тврдеше дека растот на цената на дизелот во светот е главно предизвикан од војната помеѓу Русија и Украина.

    Украина се согласи да не ги напаѓа руските енергетски цели. Русија се согласи да го стори истото. Растот на цената на дизелот во светот е главно предизвикан од војната помеѓу Русија и Украина, а не од Иран“, вели Трамп.

    Трамп викендов го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги запре нападите врз руските рафинерии и другата инфраструктура за производство и дистрибуција на дизел, сметајќи дека нападите предизвикуваат глобален недостиг.

    Украина со месеци ја напаѓа руската индустрија за нафта и гас, што доведе до рестрикции за гориво низ земјата и ја поттикна Москва да го забрани извозот на дизел во јули, со што се намалија залихите на и онака ограничениот глобален пазар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира