САД СЕ ВИНОВНИ ШТО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА СЕ ПРОДОЛЖИ ЗА ЕДНА ГОДИНА, СЕГА ЌЕ БЕВМЕ ВО МИР, КАЖА ЛАВРОВ

    САД СЕ ВИНОВНИ ШТО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА СЕ ПРОДОЛЖИ ЗА ЕДНА ГОДИНА, СЕГА ЌЕ БЕВМЕ ВО МИР, КАЖА ЛАВРОВЛавров тврди дека повлекувањето на Вашингтон од наводните договори од Алјаска го спречило завршувањето на војната (Фото: Кремљ)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД за продолжување на војната во Украина за една година, така што се повлекле од „договорите од Енкориџ“, постигнати помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин на нивниот самит на Алјаска. Москва постојано се повикува на наводните договори од самитот од 2025, иако американските претставници негираа дека тие постојат.

    Лавров тврди дека повлекувањето на Вашингтон од наводните договори го спречило завршувањето на војната.

    Доколку Американците не се повлекоа од договорите од Енкориџ и Европа не ги извлечеше САД од нив, ќе живеевме без војна веќе една година“, рече Лавров.

    Напорите за постигнување мировен договор се во застој, додека Русија не отстапува од своите цврсти територијални барања за повлекување на Украина од регионот Донбас. Специјалните пратеници на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ги посетија Москва и Киев овој месец, без да биде постигнат напредок. Лавров тврди дека Русија останува отворена за разговори.

    Во меѓувреме, украинските сили започнале офанзивна операција на северот на Доњецк, еден од четирите украински региони што Владимир Путин незаконски ги анектираше во 2022.

    Третиот армиски корпус исчисти површина од 75 квадратни километри од инфилтрирани руски групи и освои уште 10 квадратни километри. Операцијата се нарекува ‘Вивалди‘“, изјави бригадниот генерал Андриј Билецки, кој командува со одбраната во Доњецк од минатиот месец.

    Билецки рече дека областа е северно од клучните упоришта во регионот, градовите Славјанск и Краматорск, чие освојување би ја доближило Русија до нејзината цел да го контролира целиот Донбас. Вкупното напредување на Русија се забави оваа година, но нејзините сили се приближуваат кон овие два града и навлегуваат подлабоко во источниот град Костјантиновка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира