ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, СЕ ПЛАНИРА И ПОСЕБЕН ЗАКОН ЗА НЕЈЗИНА ЕТИЧКА УПОТРЕБА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ АНДОНОВСКИ

    ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСЕ СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, СЕ ПЛАНИРА И ПОСЕБЕН ЗАКОН ЗА НЕЈЗИНА ЕТИЧКА УПОТРЕБА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ АНДОНОВСКИВо ресорното министерство утре ќе заседава работната група, по што нацрт-документот ќе биде ставен на ЕНЕР. - Министерот Стефан Андоновски (Фото: Фејсбук)

    Националната стратегија за вештачка интелигенција се очекува да биде усвоена до крајот на оваа година, а како дел од предвидените активности се планира и носење закон за употреба на вештачката интелигенција, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

    Во ресорното министерство утре ќе заседава работната група, по што нацрт-документот ќе биде ставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и ќе бидат организирани неколку јавни дебати.

    Андоновски изјави дека очекува стратегијата да биде финализирана до крајот на годинава, посочувајќи оти се размислува за законско решение со кое нема да се уредува самото создавање или производство на технологијата, туку пред сè нејзиното правилно, принципиелно и етичко користење за општо добро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира