Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со коморбидитети почина по компликации од западнонилска треска, рече денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, д-р Фадил Цана. Досега починаа 9 лица од вирусот на западнонилска треска.
Пациентот бил хоспитализиран 28 дена на Клиниката и имал потешка клиничка слика.
Д-р Цана кажа дека дoсега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е со потешка клиничка слика.
„Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективната клиника е од 19 септември“, кажа Цана.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 15 септември во Македонија се регистрирани вкупно 65 заболени од западнонилска треска.



