„ТИКВЕШ“ ГО ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА ПРВОТО ПЕНЛИВО ВИНО „ЛУДА МАРА СПАРКЛИНГ“

    „ТИКВЕШ“ ГО ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА ПРВОТО ПЕНЛИВО ВИНО „ЛУДА МАРА СПАРКЛИНГ“‘Луда мара спарклинг‘ е брут пенливо вино со бледа сламеножолта боја и зеленкаст отсјај. (Фото: Тиквеш)

    Винарската визба „Тиквеш“ го пушти во продажба виното „луда мара спарклинг“, првото пенливо вино во линијата „луда мара“. Неговиот современ визуелен идентитет е креиран во соработка со реномираното шпанско дизајнерско студио „Гирафа“ (Girafa), со цел автентичното потекло на виното да биде претставено преку препознатлив дизајн со кој може рамноправно да застане на винските полици на развиените светски
    пазари.

    Од „Тиквеш“ велат дека новото пенливо вино е пример како локалното потекло и традиционалното винарско знаење можат да се поврзат со современите светски трендови, при што очекуваат значителен интерес кај потрошувачите.

    „Брендот ‘луда мара’ во изминатиот период изгради силна препознатливост и одличен прием кај потрошувачите. Проширувањето со пенливо вино претставува ново поглавје во развојот на линијата, но и одговор на зголемениот интерес на потрошувачите за свежи и разновидни вина што се вклопуваат во различни моменти и пригоди“, велат од „Тиквеш“.

    Истовремено „луда мара спарклинг“ ја одразува пошироката амбиција на „Тиквеш“, потпирајќи се на повеќе од еден век винарска традиција и над 1.000 меѓународни награди и признанија, да создава брендови и вина кои според квалитетот, идентитетот и дизајнот се на исто рамниште со останатите познати светски винарници.

    „Со ‘луда мара спарклинг‘ внесуваме нова свежина во нашето портфолио и ја развиваме линијата ‘луда мара‘ во согласност со современите трендови и очекувањата на потрошувачите. Создадовме пенливо вино со автентична врска со Тиквешкото виногорје, но и со јасна меѓународна перспектива. Создадовме производ кој и според својот квалитет и според дизајнот може да застане рамо до рамо со најреномираните светски брендови“, велат од винарската визба „Тиквеш“.

    „Луда мара спарклинг“ е брут пенливо вино со бледа сламеножолта боја и зеленкаст отсјај, со фино и долготрајно перлење. Во мирисот се препознаваат нежни цветни и цитрусни ароми, надополнети со ноти на зелено јаболко и круша, додека вкусот е свеж, хармоничен и со чиста овошна завршница.

    Новото пенливо вино е наменето за различни пригоди, најдобро се служи разладено, на температура од 6 до 8 °C, а одлично се комбинира со морски плодови, суши, лесни салати, благи сирења, тестенини и овошни десерти.

    „Луда мара спарклинг“ веќе е пуштено во продажба и во почетниот период ќе биде достапно во ограничени количини.

    *Комерцијална објава

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира