ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ГРЕНЛАНД СО КОЈ СЕ ОБЕЗБЕДУВА ПОГОЛЕМО АМЕРИКАНСКО ВОЕНО ПРИСУСТВО

    ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ГРЕНЛАНД СО КОЈ СЕ ОБЕЗБЕДУВА ПОГОЛЕМО АМЕРИКАНСКО ВОЕНО ПРИСУСТВОТрамп го потпиша договорот заедно со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен (Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерите на Гренланд и Данска потпишаа договор со кој се дозволува поголемо американско воено присуство на Гренланд, со што се разрешува тензичната ситуација околу овој стратешки важен остров богат со минерали. Договорот, потпишан за време на Генералното собрание на ОН, не го исполнува првичното барање на Трамп за преземање на Гренланд од страна на САД, со цел да се спречи растечкото присуство на Русија и Кина на Арктикот.

    Место тоа, договорот дозволува поголемо американско воено присуство на полуавтономната данска територија. Трамп најави дека САД ќе отворат уште две воени бази на Гренланд.

    Ова е огромна работа за Европа, САД и за сите. А, за Гренланд, ќе биде неверојатно“, кажа Трамп.

    Во својот говор пред светските лидери во ОН, Трамп изјави дека договорот ѝ дава на САД „трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби на таа територија“.

    „На ниту еден противник на САД повеќе нема да му биде дозволено да воспостави воено присуство на Гренланд или да врши чувствителни инвестиции таму без наше писмено одобрение“, рече Трамп.

    Тој го потпиша договорот заедно со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен. Фредериксен го опиша како „спогодба што може да трае вечно“ и истакна дека тој ја нагласува важноста на НАТО и го почитува правото на Гренланд на самоопределување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира