ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА „ОПЕНАИ“ ХАКИРАЛА САЈТ НА АВСТРАЛИСКАТА ВЛАДА

    ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА „ОПЕНАИ“ ХАКИРАЛА САЈТ НА АВСТРАЛИСКАТА ВЛАДАПремиерот Албаниз изјави дека агентот на „ОпенАИ“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на „Медикер“ (Фото: ДПА)

    Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „ОпенАИ“ во јуни извршила упад во владин портал за здравствени податоци и неовластено пристапила до датотеки, што е првиот познат случај на хакирање на владина веб-страница од страна на агент со ВИ.

    Премиерот Ентони Албаниз изјави дека агентот на „ОпенАИ“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на „Медикер“, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството.

    „Според доказите со кои располагаме во моментов, нема пошироко загрозување на мрежата. Сепак, оваа ситуација е очигледно неприфатлива. Истрагите продолжуваат, а Австралија ја изрази својата голема загриженост до извршниот директор на ‘ОпенАИ‘, Сем Алтман“, рече Албаниз, додавајќи дека истрагата ќе испита и зошто владините системи не успеале да го детектираат упадот уште на самиот почеток.

    Тој исто така предупреди дека активноста на агентот на „ОпенАИ“ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството, но не потврди дека тоа навистина се случило.

    „ОпенАИ“ соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти.

    Идентификувана е активност поврзана со неколку веб-страници и услуги на австралиската влада. Додека нашите модели се обидувале да пронајдат одговори, тие презеле дејства што не биле планирани“, велат од „ОпенАИ“.

    Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД и се надоврзува на низа слични инциденти во последно време, кога ВИ самостојно хакирала други компании.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира