ПОЧНА УРЕДУВАЊЕТО НА ПЛАНИНАРСКАТА ПАТЕКА НИЖЕ ПОЛЕ-ГОЛЕМО ЕЗЕРО-БРАЈЧИНО НА ПЕЛИСТЕР

    ПОЧНА УРЕДУВАЊЕТО НА ПЛАНИНАРСКАТА ПАТЕКА НИЖЕ ПОЛЕ-ГОЛЕМО ЕЗЕРО-БРАЈЧИНО НА ПЕЛИСТЕРАктивностите се одвиваат во исклучително тешки услови поради алпските карактеристики на терен. (Фото: СДК.МК)

    Почнаа теренските активности за целосно уредување на планинарската (пешачка) патека Нижо Поле – Големо Езеро – Брајчино со вкупна должина од 19 километри. Уредувањето подразбира целосно расчистување на вегетација по должина на целата патека, целосно обновување на канфелцувана сигнализација и поставување нова зимска маркација на правецот Нижо Поле-Големо Езеро по Дебел Рид.

    Дополнително ќе бидат поставени и патокази за Мало Езеро и Врв Пелистер од правец на Големо Езеро.

    Активностите се одвиваат во исклучително тешки услови поради алпските карактеристики на теренот, па целата опрема и работен алат се носи на раце.

    Активностите ги спроведува Националниот парк „Пелистер“ во соработка со други партнери.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира