УНИШТЕНИ НАД 200 КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ ОТИ БИЛЕ НЕБЕЗБЕДНИ, АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА ИЗРЕЧЕ КАЗНИ ОД НАД 19.000 ЕВРА

    УНИШТЕНИ НАД 200 КИЛОГРАМИ СЛАДОЛЕД И МРАЗ ОТИ БИЛЕ НЕБЕЗБЕДНИ, АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА ИЗРЕЧЕ КАЗНИ ОД НАД 19.000 ЕВРАКазните се изречени после 560 вонредни инспекциски контроли на Агенцијата во период од 2 месеца. (Фото: СДК.МК)

    Уништени се 202 литри/килограми сладолед и мраз бидејќи биле небезбедни, а изречени се 45 парични казни во вкупна вредност од 19. 430 евра, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Казните се изречени после 560 вонредни инспекциски контроли на Агенцијата во период од 2 месеца во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби и издадени биле 140 решенија за утврдени неусогласности.

    Според АХВ, со спроведените контроли утврдено било дека 17 оператори не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство, а 64 од операторите немале направено анализи на сладолед/мраз. Кај 20 Агенцијата утврдила несоодветно означување на производите, а тројца набавувале мраз од нерегистриран добавувач.

    Со контролите кај 10 оператори биле затекнати вработени лица кои немале спроведени задолжителни здравствени прегледи. Незадоволителни хигиенски и технички услови биле утврдени кај пет од контролираните објекти, а 19 оператори немале воспоставени процедури на Добра производствена и Добра хигиенска пракса, како и процедури за чистење на ледоматите.

    Незадоволителни технички и хигиенски услови имало во 5 објекти, а записи за следливост немале 4 од операторите. Кај еден оператор утврдено било дека нема спроведено задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира