ТЕТОВЦИ Ѝ ДОЛЖАТ НА ОПШТИНАТА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НЕПЛАТЕНИ ДАНОЦИ НА ИМОТ И КОМУНАЛНИ ТАКСИ, ОД ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ НАПЛАЌААТ ПРЕКУ ИЗВРШИТЕЛИ

    ТЕТОВЦИ Ѝ ДОЛЖАТ НА ОПШТИНАТА 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НЕПЛАТЕНИ ДАНОЦИ НА ИМОТ И КОМУНАЛНИ ТАКСИ, ОД ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ НАПЛАЌААТ ПРЕКУ ИЗВРШИТЕЛИОд Општина Тетово велат  граѓаните информации за нивната состојба со данокот на имот може да се обратат во канцелариите 44 и 47 во општинската зграда, како и електронски преку апликации. (Фото: СДК.МК)

    Општина Тетово од 1 октомври ќе започне поактивна постапка за наплата на данокот на имот и комуналната такса кои на Општината ѝ го должат граѓаните и правните субјекти. Од Општината, а и од градоначалникот Билал Касами, се упатува повик до граѓаните на Општина Тетово да ја проверат својата состојба и навреме да ги извршат плаќањата на данокот на имот за периодот 2024 и 2025 , во спротивно се најавува дека ќе бидат дадени на извршители.

    „Апел до сите граѓани кои немаат платено данок на имот во 2024 и 2025 да ја реализираат таа обврска, затоа што во следните денови, подготвуваме процедура и за присилна наплата. Затоа, за да не дојде до присилна наплата, ги замолуваме сите граѓани да ги реализираат нивните обврски кон општината за данок на имот за претходните години“, изјави Касами.

    Касами не кажа колкав е моменталниот долг на Општина Тетово, но најави дека ако се реализира планот што го подготвиле, очекува во наредните два до три месеци Општината да го исплати долгот и да се ослободи од извршителите кои секој месец ѝ го земаат приходот за подмирување на доспеаните дплгови.

    „Во делот на плаќање на останатиот долг веќе имаме склучено договор за одложено плаќање на делот од долгот со Министерството за финансии и со околу 4 компании, што е поголемиот дел од долгот. Останува за наплата околу 3 милиона евра кои ќе се реализираат преку извршители. Ние работиме овој долг да се плати во наредните 2 до 3 месеци, за конечно Општина Тетово да излезе од извршители“, кажа Касами.

    Од Општина Тетово велат  граѓаните информации за нивната состојба со данокот на имот може да се обратат во канцелариите 44 и 47 во општинската зграда, како и преку електронските услуги: e-Даноци ,  апликацијата TeKLIK и интернет-страницата на Општина Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира