Групата „Ју-Ту“ одбележа 50 години постоење со концерт во училиштето во Даблин каде што започнале да свират заедно како тинејџери, при што ги воодушевија сегашните ученици со концерт на кој ги изведоа нивните хитови како „Убав ден е“ (It’s A Beautiful Day“, „Еден“ (One).
Бендот, добитник на 22 Греми награди, бил формиран во септември 1976, откако Лaри Мален Џуниор закачил рачно напишана порака „Тапанар бара музичари за формирање бенд“ на огласната табла во средното училиште „Маунт Темпл“ во северен Даблин. На 25 септември, Мален, Боно, Еџ и Адам Клејтон се обидоа да го повторат еден од нивните рани настапи, кога во 1978 свиреле на покривот на училишната котлара, што беше почеток на патувањето што ќе им обезбеди место во историјата на рок-музиката.
Стотици ученици, од кои некои држеа рачно нацртани плакати со натпис „Убав ден е, нема училиште“ (It’s A Beautiful Day No School) го завршија часот порано и го исполнија училишниот двор, каде што се забавуваа во текот на 35-минутниот настап, заедно со нивните подеднакво расположени наставници.
„Дали тоа е научната лабораторија?“, рече Боно, кога се појави на сцената и покажа кон зградата во далечината, од каде што некои наставници гледаа низ прозорците и со своите телефони го снимаа настанот. Луѓе исто така се собраа пред училишните порти за да слушаат, откако се прошири веста за тајниот настап.

Бендот, добитник на 22 Греми награди, бил формиран во септември 1976, откако Лaри Мален Џуниор закачил рачно напишана порака „Тапанар бара музичари за формирање бенд“ на огласната табла во средното училиште „Маунт Темпл“ во северен Даблин. (Фото: Би-Би-Си)
Откако се појавија на сцената додека од звучниците одекнуваше песната „Нема школо“ (School’s Out) од Алис Купер, бендот започна со сет од седум песни, кој опфати и дела од нивниот дебитантски албум „Момче“ (Boy) од 1980 , па сè до „Вертиго“ (Vertigo), синглот што 24 години подоцна се искачи на првото место на британската топ-листа.
Околу 30 ученици од локална музичко-образовна програма им се придружија на виолини, виоли и харфи при изведбата на „Еден“ .
„Ју-Ту“ неделaва најави дека нивниот 16. албум, „Carnaval De Luz“, ќе биде објавен на 13 ноември. Албумот, прв по девет години, ќе содржи дует меѓу Боно и почината кантри-ѕвезда Доли Партон, за кој бендот рече дека претставува последен вокален настап на кантри-пејачката.



