РАКЕТАТА НА „СПЕЈСЕКС“ ПРВПАТ СТИГНА ДО ОРБИТАТА И РАСПОРЕДИ САТЕЛИТИ

    РАКЕТАТА НА „СПЕЈСЕКС“ ПРВПАТ СТИГНА ДО ОРБИТАТА И РАСПОРЕДИ САТЕЛИТИПо достигнувањето на вселената, еден од трите главни мотори на „Старшип“ се исклучи порано од планираното, па прво се мислеше дека леталото нема да може да стигне до орбитата (Фото: АП)

    Ракетата „Старшип“ на компанијата „СпејсЕкс“ за првпат стигна до орбитата, и покрај дефектот на еден од моторите. Таа го надмина овој проблем во текот на летот и ја распореди првата серија на новите сателити „Старлинк“, додека компанијата на Илон Маск планира да го воведе леталото во редовна употреба подоцна оваа година.

    Леталото без екипаж, високо колку зграда од 40 ката, полета денеска од полигонот во комплексот „Старбејз“, лоциран на брегот на Мексиканскиот Залив.

    Потисната ракета „Супер хеви“ ја крена горната фаза „Старшип“ во вселената, по што се врати во водите на Мексиканскиот Залив, спуштајќи се контролирано со помош на моторите.

    По достигнувањето на вселената, еден од трите главни мотори на „Старшип“ се исклучи порано од планираното, поради што портпаролот на „СпејсЕкс“, Ден Хуот, во преносот во живо прво објави дека леталото нема да може да стигне до орбитата.

    Откако ја достигна орбитата, „Старшип“ почна да ги распоредува 26-те сателити „Старлинк“ од новата генерација на планираната височина од приближно 269 километри.

    „Старшип“ требаше да направи шест круга околу Земјата за време на десетчасовното патување, најдолго досега, пред да се спушти во Тихиот Океан, западно од Чиле. Сепак, мисијата беше прекината порано, по нешто помалку од три часа.

    Од 2023 година, сите 13 претходни пробни летови на „Старшип“ беа ограничени на суборбиталниот простор, и покрај речиси деценискиот развоен процес, што досега ја чинеше компанијата повеќе од 15 милијарди долари. Маск изјави дека предвидува во иднина да се изведуваат стотици или илјадници летови со „Старшип“ годишно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира