УКРАИНА ПРВПАТ ЈА УПОТРЕБИ СВОЈАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА ВО БОРБА, ОБЈАВИ ЗЕЛЕНСКИ

    УКРАИНА ПРВПАТ ЈА УПОТРЕБИ СВОЈАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА ВО БОРБА, ОБЈАВИ ЗЕЛЕНСКИЗеленски објави снимка од лансирањето на ракетата (Фото: Телеграм)

    Украина првпат ја употребила својата тактичка балистичка ракета „ФП-7“ во борба, изјави претседателот Володимир Зеленски.

    „Украинска тактичка балистичка ракета ‘ФП-7‘, прва борбена употреба. Ви благодарам за резултатот. Следно – производство“, напиша Зеленски на Телеграм.

    Тој не откри каде била користена ракетата и против која цел.

    Украина го смета развојот на сопствени тактички балистички ракети како важен елемент во зајакнувањето на своите одбранбени потреби. Зеленски ги пофали резултатите од тестовите на тактички балистички ракети претходно оваа година, велејќи дека покажале добар потенцијал за употреба.

    Украинските воени аналитичари ја опишуваат „ФП-7“ како ракета со дострел од околу 200 километри. Производителот „Фајр поинт“ вели дека се развива како балистички пресретнувач во рамките на европската програма за ракетна одбрана „Фреја“, што започна оваа година. „Фајр поинт“ исто така развива ракета „ФП-9“ со дострел до 850 километри, за која велат дека треба да биде готова до крајот на годината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира