НОРВЕШКА ЌЕ ПОТРОШИ 315 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ПРВИОТ ТУНЕЛ ЗА БРОДОВИ ВО СВЕТОТ

    НОРВЕШКА ЌЕ ПОТРОШИ 315 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ПРВИОТ ТУНЕЛ ЗА БРОДОВИ ВО СВЕТОТКомпјутерска анимација на брод како се приближува кон тунел за бродови. (Фото: АП)

    Норвешка планира да го изгради првиот тунел за бродови долг 1.700 метри преку камениот полуостров Штадландет за да им овозможи на пловните објекти да избегнат опасен дел од морето. Тунелот Штад Шип, со капацитет да сместува товарни бродови и бродови за крстарење со тежина до 16.000 тона, се очекува да се отвори во 2023 година. Тој ќе биде широк 36 метри, висок 49 метри и ќе чини најмалку 315 милиони долари.

    „Среќни сме што тунелот за бродови станува реалност“, рече норвешкиот министер за транспорт, Кетил Солвик-Олсен, објаснувајќи како „времето за патување меѓу норвешките градови и села во зоната ќе се скрати“. „Со текот на годините, плановите за тунелот за бродови во Штад само се собираа, но сега имаме и готов проект со финансиска поддршка“, рече тој.

    Тунелот се очекува да поминува низ најтесната точка на полуостровот Штадландет. Временските услови со децении се сметале за пречка во транспортот. Проектниот менаџер Терје Андресен, пак, рече дека за изградбата на тунелот ќе треба да се урнат осум милиони тони камен. Изградбата се очекува да започне најрано во 2019 година.

    Според планот, патничките бродови ќе имаат приоритет во користењето на тунелот, но исто така и на обичните чамци за прошетка и останатите пловни објекти ќе им биле дозволен премин. За сите пловни објекти помали од 70 метри, патувањето низ тунелот ќе биде бесплатно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира