СО ПАРИ ОД ЕУ ОТВОРЕНА ПРВАТА ГРАДИНКА ВО ОПШТИНА ТЕАРЦЕ

    СО ПАРИ ОД ЕУ ОТВОРЕНА ПРВАТА ГРАДИНКА ВО ОПШТИНА ТЕАРЦЕНа свеченото предавање во употреба на градинката, а на кое присуствуваа и премиерот Христијан Мицковски, евроамбасадорот Михалис Рокас, министри и градоначалници од тетовските општини. (Фото: СДК.МК)

    По долги години чекање Општина Теарце ја доби првата градинка, а свеченото предавање во употреба се совпадна со одбележувањето на Неделата на детето. Станува збор за современ објект во кој ќе престојуваат 147 деца, од кои 20 се од македонска националност, и кои се на возраст од 0 до шест години. За нив ќе се грижат 12 вработени чиј број се очекува наскоро да биде зголемен.

    „По многу години чекање, по многу бројни барања и процедури конечно дојде овој ден која ја отвориме градинката. Оваа градинка не е само зграда со ѕидови, прозорци и врати туку простор каде што ќе растат нашите деца, тука ќе ги направат првите чекори во знаењето, ќе ги создадат првите пријателства и каде ќе се слуша детската смеа“, рече градоначалникот на Општина Теарце Даут Мемиши на свеченото предавање во употреба на градинката, а на кое присуствуваа и премиерот Христијан Мицковски, евроамбасадорот Михалис Рокас, министри и градоначалници од тетовските општини.

    Изградбата на објектот чинела нешто над 800.000 евра, од кои најголемиот дел се добиени од Европската Комисија преку програмата за претпристапна помош ИПАРД2,  а 165.000 евра се финансирани од Општина Теарце. Објектот се состои од приземје и кат и има 10 занимални.

    З. АНДОНОВ

    „Овој текст е изработен со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Содржината на овој текст е единствена одговорност на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира