ДРОНОВИ ПОГОДИЈА ДВА БРОДА ПОКРАЈ БРЕГОТ НА БУГАРИЈА, ЕДЕН ПОТОНА, СЕ ТРАГА ПО ПОСАДАТА

    ДРОНОВИ ПОГОДИЈА ДВА БРОДА ПОКРАЈ БРЕГОТ НА БУГАРИЈА, ЕДЕН ПОТОНА, СЕ ТРАГА ПО ПОСАДАТАПотонатиот брод е именуван како „Алфа Ватан“, кој пловел под знамето на Того и се движел кон Романија (Фото: Веселфајндер)

    Дронови погодија два комерцијални брода во Црното Море покрај брегот на Бугарија, при што еден од нив потона. Во тек е потрагата по посадата на бродот.

    Морски и воздушни дронови ги погодиле бродовите околу три часот по локално време, околу 130 километри источно од градот Бјала во ексклузивната економска зона на Бугарија, изјави премиерот Румен Радев.

    „Екипажот на бугарскиот траект ‘Диоскурија‘, кој се наоѓал во областа, видел експлозија на првиот брод и отпловил кон местото на настанот. Тие пронашле превртен чамец и елеци за спасување, но никого од екипажот“, изјави Радев.

    Властите не кажаа колку луѓе биле на бродот.

    „Другиот брод се запалил, а сите 18 членови на екипажот биле спасени од ‘Диоскурија‘. Единаесет се Турци, а седум Индијци“, кажа Радев.

    „Двајца од нив се повредени. Воен брод ги собрал и ги однел на лекување во Варна“, изјави министерот за одбрана Димитар Стојанов.

    Двата брода испратиле сигнали за помош во текот на ноќта, а еден исчезнал од радарот на граничната полиција околу девет часот по локално време, објави јавниот радиодифузен сервис „БНР“. Бугарскиот сајт „Маритим“ го именуваше потонатиот брод како „Алфа Ватан“, кој пловел под знамето на Того и се движел кон Романија, а вториот како „Абл“ со знаме на Палау. Товарот на потонатиот брод сè уште не е познат.

    Радев го нарече нападот „апсолутно неприфатлив“, но не кажа кој ги лансирал дроновите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира