Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми каматните стапки за орочено штедење во денари и во евра, а новите фиксни каматни стапки достигнуваат до 3,60 отсто, соопшти банката. Новите стапки важат во промотивниот период од 1 октомври до 31 декември 2026.
За денарските депозити орочени на 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90 отсто, додека за орочување на 40 месеци изнесува 3,60 отсто. Кај депозитите во евра, фиксната каматна стапка за орочување на 25 месеци изнесува 1,70 отсто, а за депозитите орочени на 40 месеци е 2,30 отсто.
Од Банката велат дека повисоките каматни стапки ги воведуваат во октомври, кој традиционално се одбележува како месец на штедењето, со цел на штедачите да им овозможат повисок гарантиран принос на заштедите.
Комерцијална банка годинава одбележува 70 години работење и посочува дека штедењето останува еден од традиционалните начини на кои граѓаните ги чуваат и зголемуваат своите заштеди.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка и во нејзините филијали и експозитури.
*Комерцијална објава



