ЕДИНСТВЕНОТО ШТИПСКО ШКОЛО ШТО ЗАБРАНИ МОБИЛКИ И НЕЗДРАВА ХРАНА ДОБИ СПОРТСКА САЛА

    ЕДИНСТВЕНОТО ШТИПСКО ШКОЛО ШТО ЗАБРАНИ МОБИЛКИ И НЕЗДРАВА ХРАНА ДОБИ СПОРТСКА САЛАДецата сега меѓусебно си разговараат, таква комуникација досега не сме имале, рече директорот Дејан Здравков. (Фото: СДК.МК)

    Општинското основно училиште „Димитар Влахов“ е првото и засега единственото училиште во Штип кое забрани користење мобилни телефони во училиштето и нездрава храна. Директорот на училиштето, Дејан Здравков, вели дека одлуката за некористење мобилни телефони и нездрава храна во училиштето е донесена од Советот на родители уште во текот на летото.

    „Учениците досега кога влегуваа и излегуваа од училиштето беа со наведнати глави. Сега тоа не е случај, туку, напротив, со кренати глави тие меѓусебно си разговараат. Таква комуникација досега не сме имале. И одлуката за неносење нездрава храна е на Советот на родители. Тие самите одредија договорна пекара која, според нивно мени, ќе носи храна за учениците, во која задолжително има и овошје, во зависност од сезоната“, вели Здравков.

    Министерката за образованите Весна Јаневска, која деенска го посети ова училиште, рече дека вакви слични мерки има и во други училишта во Македонија, но Министерството постојано ги обезбедува училиштата со разна компјутерска опрема, лаптопи, таблети и слично, кои и за некои потребни интернет-комбинации можат да ги заменат мобилните телефони.

    „Во врска со храната на учениците, има ли нешто поздраво од храната која содржи и овошје?“, рече Јаневска.

    Таа ја предаде во употреба реновираната училишна спортска сала откако претходно ја посети и реновираната спортска сала во соседната Општина Карбинци, кои се дел од проектот за реновирање на 30 спортски сали за 10 милиони денари (613.000 евра). Во план е и изградба на уште толку спортски сали во училишта во Македонија.

    Јаневска рече дека во тек е реализација на реконструкција на 7 државни стручни училишни центри во државата, кои имаат регионален карактер, и дека прв за реконструкција е Државниот училишен центар „Коле Нехтенин“ во Штип, како и реконструкција на студентските домови.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира