ПОЧИНА МАРГАРЕТ ХАМИЛТОН, СОФТВЕРСКАТА ИНЖЕНЕРКА КОЈА ПОМОГНА ЛУЃЕТО ДА СЛЕТААТ НА МЕСЕЧИНАТА

    ПОЧИНА МАРГАРЕТ ХАМИЛТОН, СОФТВЕРСКАТА ИНЖЕНЕРКА КОЈА ПОМОГНА ЛУЃЕТО ДА СЛЕТААТ НА МЕСЕЧИНАТАХамилтон работеше во МИТ од 1959 до средината на 1970-тите и го раководеше Одделот за софтверско инженерство (Фото: Гети)

    Маргарет Хамилтон, компјутерската научничка која помогна астронаутите на НАСА да слетаат на Месечината, почина на 90-годишна возраст. Хамилтон беше пионерка во својата област, водејќи го тимот кој го разви софтверот за вселенските мисии „Аполо“.

    „Да се ​​каже дека Хамилтон била пионерка, да се каже дека била пред своето време, би било драматично потценување. Таа била софтверски инженер пред тоа да стане мејнстрим“, соопшти Масачусетскиот институт за технологија (МИТ).

    Хамилтон работеше во МИТ од 1959 до средината на 1970-тите и го раководеше Одделот за софтверско инженерство. Во овој оддел водеше тим инженери кои го пишуваа и тестираа целиот софтвер за „Аполо 11“, кој им овозможи на Нил Армстронг и Баз Олдрин безбедно да слетаат на Месечината.

    Софтверското инженерство на тимот на Хамилтон е овековечено на фотографија од 1969, на која таа стои покрај куп печатен код (Фото: МИТ)

    „Бев привлечена и од самата идеја и од фактот дека никогаш порано не беше направено. Бев првиот програмер кој се придружи и првата жена што ја вработија“, изјави таа за „Гардијан“ во 2019 година.

    Славното софтверско инженерство на тимот е овековечено на фотографија од 1969 година, на која Хамилтон стои покрај куп печатен код.

    Родена во 1936, Хамилтон студирала математика, а по преселбата во Бостон ја прифатила работата на МИТ, првично за да го издржува својот сопруг за време на неговите студии по право. Од 1970-тите наваму, Хамилтон ја искористила својата експертиза за да основа сопствени софтверски бизниси.

    Во 2016, Барак Обама ѝ го додели Претседателскиот медал на слободата за нејзиниот придонес во науката и вселенските патувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира