НАЈМАЛКУ 33 ЗАГИНАТИ ОТКАКО РУСКИ БОМБИ ПОГОДИЈА ДВА АВТОБУСА ВО КРАМАТОРСК

    НАЈМАЛКУ 33 ЗАГИНАТИ ОТКАКО РУСКИ БОМБИ ПОГОДИЈА ДВА АВТОБУСА ВО КРАМАТОРСКНападот со воздушни бомби се случил околу 10 часот по локално време (Фото: Телеграм)

    Најмалку 33 луѓе загинаа, а 18 се повредени откако руски бомби погодија два јавни автобуса во источниот украински регион Доњецк, соопштија властите. Нападот се случил во градот Краматорск.

    „Уште еднаш, Русите нападнаа локација каде што дефинитивно нема воена цел. Јавен автобус, цивилен превоз. Луѓе кои едноставно си ја вршеле својата работа“, напиша Градскиот совет на Краматорск на Телеграм.

    Канцеларијата на регионалниот обвинител на Доњецк соопшти дека нападот со воздушни бомби се случил околу 10 часот по локално време.

    Краматорск и соседниот град Славјанск се дел од таканаречениот појас на тврдини, што Русија се обидува да ги заземе за да ја доврши окупацијата на Донбас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира