ЈУЖНОАФРИКАНСКАТА СУДИЈКА НАВИ ПИЛАЈ ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР

    ЈУЖНОАФРИКАНСКАТА СУДИЈКА НАВИ ПИЛАЈ ЈА ДОБИ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИРПилај ја извршуваше и функцијата висок комесар на Обединетите нации за човекови права (Фото: АП)

    Нави Пилај, поранешна судијка на Меѓународниот кривичен суд, која раководеше со извештајот на Обединетите нации во кој се заклучува дека Израел извршил геноцид во Газа, ја доби Нобеловата награда за мир „за нејзините напори за промовирање на мирот и меѓународното право“.

    Со годинашната Нобелова награда за мир се истакнува важноста на одржување на организиран меѓународен поредок, се наведува во образложението на Комитетот.

    Нави Пилај (85) е родена во Јужна Африка во семејство со индиско тамилско потекло. Беше судијка во неколку меѓународни судови, вклучувајќи ги Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда. Таа, исто така, претседаваше со Истражната комисија на ОН за окупираните палестински територии, која минатата година заклучи дека Израел извршил геноцид во Газа. Израел го отфрли извештајот како скандалозен.

    Пилај ја извршуваше и функцијата висок комесар на Обединетите нации за човекови права.

    „Пилај ги повикуваше државите и националните лидери на одговорност, им влеваше надеж на жртвите на насилство и конфликти и покажаше цврст морален компас во текот на својата долга кариера“, објави Нобеловиот комитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира