СИТЕ КОИ ГО КОРИСТАТ ТЕРМИНОТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, А НЕ СУПЕРИНТЕЛИГЕНЦИЈА СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ, ВЕЛИ ТРАМП

    СИТЕ КОИ ГО КОРИСТАТ ТЕРМИНОТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, А НЕ СУПЕРИНТЕЛИГЕНЦИЈА СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ, ВЕЛИ ТРАМПТрамп е опседнат со идејата да го замени терминот вештачка интелигенција со суперинтелигенција (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека секој што го користи терминот вештачка интелигенција е непријател, повторно повикувајќи наместо тоа да се користи терминот суперинтелигенција. Трамп вели дека терминот што го претпочита неговата администрација е широко прифатен и попрецизен.

    Трамп е опседнат со идејата да го замени терминот вештачка интелигенција со суперинтелигенција, тврдејќи дека востановениот термин прави технологијата да изгледа лажна.

    Илон Маск веќе најави дека ќе ја преименува својата компанија за вештачка интелигенција од „SpaceXAI“ во „SpaceXSI“. Од друга страна, гигантите во индустријата „ОпенАИ“ и „Антропик“ продолжуваат масовно да го користат добро познатиот термин вештачка интелигенција.

    Трамп минатиот месец потпиша извршна наредба со која се наложува да се користи терминот суперинтелигенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира