ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, КАЖА ТРАМП

    ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, КАЖА ТРАМПТрамп го обвини Зеленски дека не сака да склучи договор со Русија (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека е време Украина да добие нов претседател, сугерирајќи дека Володимир Зеленски не направил доволно за да ја заврши војната со Русија. Говорејќи во Белата куќа, Трамп рече:

    „Предлагам да добијат нов лидер кој може да постигне договор. Од некоја причина, Зеленски никогаш не го прави тоа“.

    Трамп го повтори своето тврдење дека доколку тој бил претседател на САД во 2022, војната во Украина никогаш немало да започне.

    „Немаше причина да започне таа војна помеѓу Украина и Русија. Таа започна поради неспособност. Зеленски изгуби 30% од својата земја, а над два милиона луѓе загинаа. Мислам дека е време Украина да добие нов претседател“, порача Трамп.

    Ова следува ден откако Трамп телефонски разговараше со Владимир Путин, при што ѝ дозволи на Русија да извезува дизел на американскиот и на глобалниот пазар, тврдејќи дека така ќе се намалат цените на горивата. Оваа одлука беше жестоко критикувана од Зеленски.

    По денешниот руски напад врз Запорожје, во кој загинаа најмалку 20 луѓе, Зеленски изјави дека Путин така се заблагодарил за укинувањето на санкциите врз извозот на руски дизел. 

    „Русија секое попуштање на притисокот го толкува како сигнал дека може да ја продолжи војната“, рече Зеленски.

    Трамп тврди дека поскапувањето на дизелот нема никаква врска со војната против Иран, туку со украинските напади врз руските рафинерии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира