БЕШЕ ТОЛКУ ПРИЈАТЕЛСКИ ШТО НИКОЈ НЕ САКАШЕ ПРВ ДА СПУШТИ СЛУШАЛКА, КАЖА КРЕМЉ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ТРАМП-ПУТИН

    БЕШЕ ТОЛКУ ПРИЈАТЕЛСКИ ШТО НИКОЈ НЕ САКАШЕ ПРВ ДА СПУШТИ СЛУШАЛКА, КАЖА КРЕМЉ ЗА ПОСЛЕДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ТРАМП-ПУТИНПоголемиот дел од разговорот бил посветен на напорите за решавање на војната во Украина (Фото: Кремљ)

    Разговорот што во петокот го водеа Владимир Путин и Доналд Трамп бил многу суштински и пријателски, што ниту еден од нив не сакал прв да го прекине повикот, изјави претставник на Кремљ.

    За време на разговорот, Трамп ѝ дозволи на Русија да испорачува дизел на американскиот и на светскиот пазар со цел да се намалат цените на горивото, што доведе до неочекувано и привремено олеснување на американските санкции. Овој потег беше жестоко критикуван од Володимир Зеленски, кој го опиша како подарок за Путин и инвестиција во руската војна.

    Од Кремљ соопштија дека поголемиот дел од разговорот бил посветен на напорите за решавање на војната во Украина. Путин притоа ја минимизирал веројатноста за скоро продолжување на мировните преговори.

    „Разговорот траеше час и половина. Ниту еден од нив не сакаше прв да ја прекине врската. Ја прекинаа истовремено, буквално во истиот момент“, рече Јури Ушаков, советник за надворешна политика на Путин.

    Трамп вчера повторно ја сврте реториката против Зеленски, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател и ја обвини Украина за недостиг на дизел во светот.

    „Рековме: ‘Можете да ѝ правите што сакате на Русија, но не ги напаѓајте рафинериите‘, бидејќи тоа предизвикува глобален проблем. Зеленски можеше да склучи многу договори, но од некаква причина, никогаш не го прави тоа“, кажа Трамп.

    Економскиот советник на Путин, Кирил Дмитриев, ја опиша интервенцијата на Трамп како „легендарна и историска“, велејќи дека на Украина ѝ е потребно раководство што навистина е фокусирано на мир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира