ЌЕ ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГИ НАПАЃАМЕ РУСКИТЕ РАФИНЕРИИ АКО ПУТИН ЗАПРЕ СО СВОИТЕ НАПАДИ, МУ ОДГОВОРИ ЗЕЛЕНСКИ НА ТРАМП

    ЌЕ ПРЕСТАНЕМЕ ДА ГИ НАПАЃАМЕ РУСКИТЕ РАФИНЕРИИ АКО ПУТИН ЗАПРЕ СО СВОИТЕ НАПАДИ, МУ ОДГОВОРИ ЗЕЛЕНСКИ НА ТРАМПТрамп вчера сугерираше дека Зеленски не направил доволно за да се стави крај на војната (Фото: ДПА)

    Само Русија е одговорна за војната во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, ветувајќи дека ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии, и покрај критиките од Доналд Трамп. Американскиот претседател вчера ја сврте реториката против Зеленски, кого го обвини за високите цени на дизелот и порача дека е време Украона да добие нов претседател, кој ќе знае да склучи договор со Русија.

    „Украина ќе биде подготвена да престане да ги напаѓа руските рафинерии кога Русија ќе престане да ја напаѓа нашата енергетска инфраструктура. Можно е да се запрат нападите врз енергетската инфраструктура уште денеска, но Путин не сака да го стори тоа“, рече Зеленски, додавајќи дека секоја деескалација мора да биде реципрочна и поткрепена со реални гаранции.

    Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха реагираше на коментарите на Трамп, велејќи дека Зеленски ја води земјата низ војна за нејзината независност.

    „Тој ја има поддршката на украинскиот народ. Изјавите од странство само потврдуваат дека тој добро си ја врши работата“, напиша Сибиха на Икс.

    Трамп вчера сугерираше дека Зеленски не направил доволно за да се стави крај на војната и го обвини за високите цени на дизелот во САД.

    „Предлагам да добијат нов лидер, кој може да постигне договор, бидејќи тој можеше да склучи многу договори, но од некоја причина никогаш не го прави тоа“, рече Трамп.

    Ден претходно, Трамп неочекувано постигна договор со Путин за купување дизел од Русија, во обид да се намалат високите цени на горивото пред американските меѓуизбори во ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира