ИСЧЕЗНАА 11 МОРНАРИ ПО ПОТОПУВАЊЕТО НА БРОД КАЈ БРЕГОТ НА БУГАРИЈА, РАДЕВ ПРОТЕСТИРАШЕ КАЈ РУСКАТА АМБАСАДОРКА

    ИСЧЕЗНАА 11 МОРНАРИ ПО ПОТОПУВАЊЕТО НА БРОД КАЈ БРЕГОТ НА БУГАРИЈА, РАДЕВ ПРОТЕСТИРАШЕ КАЈ РУСКАТА АМБАСАДОРКАОд другиот погоден брод е спасен целиот екипаж (Фото: Булфото)

    Единаесет морнари се исчезнати откако дронови потопија товарен брод крај брегот на Бугарија, втор ваков инцидент во Црното Море за една недела, што ја натера Бугарија да ја повика руската амбасадорка.

    Два товарни брода беа погодени од беспилотни летала ноќеска, од кои еден потона, соопштија бугарските власти. Бугарија не ја обвини директно Русија, но премиерот Румен Радев рече дека „исходот на ваквите напади ѝ користи на Руската Федерација“. Москва досега не коментираше.

    „Нашата земја нема дефинитивни докази за потеклото на беспилотните летала што се користат во нападите, но нема логика Украина да ги уништува сопствените бродови во Црното Море“, ѝ кажа Радев на амбасадорката на Руската Федерација во Бугарија, Елеонора Митрофанова.

    Митрофанова изјави дека ја разбира оваа логика, но не ја исклучи можноста овие напади да претставуваат провокација од трета страна.

    Бугарските власти соопштија дека пет члена на екипажот се спасени, а 11 се водат како исчезнати од бродот што потона 30-ина километри од бугарското село Крапец. Бугарските медиуми го идентификуваа бродот како „Азов Конкорд“, чиј менаџер е со седиште во Турција.

    Другиот брод, „Челзи 3“, кој пловел под знамето на Малта, бил погоден од три дрона. Целиот екипаж од седум Украинци и осум Азербејџанци беше спасен и никој не е сериозно повреден.

    Пред една недела, девет сириски морнари и еден Египќанец исчезнаа во Црното Море откако беше потопен товарен брод во ексклузивната економска зона на Бугарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира