Украинскиот лев бек Дмитро Хорига (29) се здоби со правото да игра за македонската ракометна репрезентација пред почетокот на квалификациите за Европското првенство 2028. Тој е првиот натурализиран репрезентативец откако Кире Лазаров е селектор.
Од Ракометната федерација на Македонија соопштија дека Хорига добил официјална дозвола од Светската ракометна федерација да настапува во дресот на македонската репрезентација.
„Мислам дека добиваме ракометар кој ќе даде тежина и голем придонес. Тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри“, изјави Александар Стефанов, претседател на РФМ.
Поранешниот украински репрезентативец доби македонски пасош пред две години, додека беше член на Вардар. Од оваа сезона настапува за еден од најдобрите унгарски клубови ПИК Сегед.
„Се работи за играч кој има шут од надвор, играч во два правци, кој има победнички карактер“, рече Лазаров.



