Доналд Трамп го опиша Володимир Зеленски како потежок преговарачки партнер од Владимир Путин, претставувајќи го како пречка за завршување на војната во Украина. Во интервју за ултраконзервативниот американски медиум „Њузмакс“, Трамп сугерираше дека мировен договор би бил можен само без украинскиот лидер.
„Зеленски не е човек со кого лесно можеме да соработуваме. Тој не сака да постигне договор. Вели дека сака, но всушност не сака. Не, не сум голем љубител на Зеленски“, изјави Трамп, додавајќи дека очекува војната наскоро да заврши.
Трамп смета дека и двајцата лидери сакаат мир, но дека преговорите со Зеленски се потешки отколку оние со Путин.
Оваа недела, Зеленски жестоко го критикуваше Трамп за договорот со Русија, со кој ѝ дозволи да извезува дизел на светските пазари. Трамп ја обвини Украина дека придонесува за пораст на светските цени на нафтата со нападите врз руските рафинерии.
„Зеленски не му прави услуга на светот“, рече американскиот претседател.
Украина во голема мера зависи од американската поддршка. По последниот судир со Зеленски, САД ги ограничија споделувањето на разузнавачки информации и пристапот до сателитскиот систем „Старлинк“.



