МОЖЕТЕ ДА СМЕТАТЕ НА НАС, САНКЦИИТЕ ОСТАНУВААТ ДОДЕКА РУСИЈА НЕ ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА, МУ КАЖА ЕУ НА ЗЕЛЕНСКИ

    МОЖЕТЕ ДА СМЕТАТЕ НА НАС, САНКЦИИТЕ ОСТАНУВААТ ДОДЕКА РУСИЈА НЕ ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА, МУ КАЖА ЕУ НА ЗЕЛЕНСКИЗеленски со Антонио Коста и Урсула фон дер Лајен на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел (Фото: ДПА)

    Челниците на Европската Унија му изразија поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се соочува со нови критики од Доналд Трамп.

    „Можете да сметате на нас“, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, говорејќи во Брисел заедно со Зеленски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

    Трамп неодамна повика на смена на украинскиот претседател и ги олесни санкциите за Русија, дозволувајќи ѝ да извезува дизел, во обид да се намалат рекордно високите цени на горивата.

    „Ова не е време за ублажување на санкциите кон Русија. Сега е време да ја зголемиме нашата поддршка за Украина и да го засилиме притисокот врз Русија“, рече Кошта.

    Во неделата, Трамп еднострано прогласи енергетско примирје помеѓу Русија и Украина, обвинувајќи го Зеленски дека со нападите врз руските рафинерии придонесува за пораст на светските цени на нафтата. Наводното примирје брзо пропадна.

    „Едно нешто е сосема јасно. Нема да укинеме никакви санкции додека Русија не ја запре војната. Ние го поддржавме енергетското примирје на претседателот Трамп, но видовме дека Русија воопшто не го почитуваше, ниту една минута“, рече Фон дер Лајен.

    Лидерите на ЕУ треба да започнат дискусија за дополнителна поддршка за Украина во наредните години. ЕУ лани договори заем за Киев од 90 милијарди евра за 2026 и 2027. Иако буџетот на Украина за оваа година е целосно покриен, Киев предупредува на значителен недостиг на средства за 2027.

    Украинскиот министер за финансии Серхиј Марченко минатиот месец изјави дека на земјата ѝ недостасуваат 32,6 милијарди долари економска поддршка и 45 милијарди долари за одбраната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира