ПРИНЦОТ ХАРИ КАЖА ДЕКА САКА ДА СЕ ПОМИРИ СО СЕМЕЈСТВОТО

    ПРИНЦОТ ХАРИ КАЖА ДЕКА САКА ДА СЕ ПОМИРИ СО СЕМЕЈСТВОТОХари и Меган неодамна се вратија од САД во Велика Британија (Фото: ДПА)

    Принцот Хари изјави дека се надева дека ќе се помири со кралот Чарлс и со остатокот од своето семејство, со кои ги прекина односите кога се пресели во САД пред шест години.

    Хари (42), помладиот син на кралот, предизвика длабок раздор во британското кралско семејство кога со неговата сопруга Меган се повлекоа од кралските должности и во 2020 се преселија во Калифорнија, од каде што упатија остри критики кон оваа институција. Тој со години речиси и не разговарал со својот постар брат, принцот Вилијам, а дури неодамна повторно се сретна со својот татко.

    Во интервју за списанието „Џи-Кју“, Хари, кој неодамна се врати во Британија заедно со Меган и нивните две деца, изјави дека сака да ги изглади односите.

    „Со оглед на сè што се случува во светот, најважно е да дојде до помирување. Можам да ја разберам фасцинацијата со ситуацијата во моето семејство, бидејќи луѓето можат да се пронајдат во неа. Постојат несогласувања помеѓу браќа и сестри, нарушени односи помеѓу децата и нивните родители или меѓу децата и еден од родителите. Некои луѓе можеби ќе најдат инспирација во напорите за помирување, што би можело да им помогне во нивните сопствени односи. Јас сакам рааботите да се средат“, изјави Хари.

    Тој зборуваше и за причините за враќањето во Британија, наведувајќи дека многу му значи можноста да ги запише своите деца во британско училиште.

    „Не знаев колку тоа ми е важно. Многу им се допаѓа и тоа им овозможува едно сосема поинакво искуство“, вели Хари.

    Тој се надева и на подобрување на неговиот затегнат однос со британските медиуми, што делумно придонесе за неговото заминување и доведе до тужби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира