ДРЕВЕН ЛАК, РИМСКА СТАТУЕТКА И АЛПИНИСТИЧКА ОПРЕМА НА ИЗЛОЖБА ВО ШВАЈЦАРИЈА, ОТКРИЕНИ СО ТОПЕЊЕТО НА ГЛЕЧЕРИТЕ

    ДРЕВЕН ЛАК, РИМСКА СТАТУЕТКА И АЛПИНИСТИЧКА ОПРЕМА НА ИЗЛОЖБА ВО ШВАЈЦАРИЈА, ОТКРИЕНИ СО ТОПЕЊЕТО НА ГЛЕЧЕРИТЕСпоред швајцарските научници, глечерите во земјата годинава изгубиле 5,5 отсто од својот волумен, што е втор најголем годишен пад откако се вршат мерења (Фото: АП)

    Древен лак, римска статуетка и алпинистички шлем се дел од необичната изложба „Богатство од мраз“, отворена во музејот „Глечерска градина“ во Луцерн, Швајцарија. Предметите, кои со векови или децении биле заробени во мразот, станале достапни поради топењето на глечерите.

    Изложбата е необично патување низ историјата, но истовремено предупредува на последиците од климатските промени. Со повлекувањето на глечерите, на површината излегуваат предмети што сведочат за животот на луѓето кои со векови ги преминувале Алпите.

    Според швајцарските научници, глечерите во земјата годинава изгубиле 5,5 отсто од својот волумен, што е втор најголем годишен пад откако се вршат мерења.

    Посетителите на изложбата можат да видат и видеоматеријали, графикони и модели што го прикажуваат движењето и исчезнувањето на глечерите. Изложбата ќе биде отворена до 22 август 2027.

    „Глечерите исчезнуваат многу брзо. Пред целосно да исчезнат, сакаме да им покажеме на луѓето дека тие се многу важна и интересна архива која, за жал, ќе ја изгубиме“, вели Андреас Бури, директор на музејот „Глечерска градина“.

    Меѓу изложените предмети има и череп од крава, стари чизми, скијачка опрема, шишиња од вино и туби од мајонез. Во мразот се зачувани и траги од шумски пожари од 16 век, како и честички од радиоактивен материјал од нуклеарните тестирања во 20 век.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира