УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПРИПИШАНО НА СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ТЕД БАНДИ ПО 52 ГОДИНИ

    УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПРИПИШАНО НА СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ТЕД БАНДИ ПО 52 ГОДИНИМелиса Ен Смит била пронајдена на 27 октомври 1974 со траги од силување и мачење.

    По 52 години, откриено е уште едно убиство на еден од најозлогласените сериски убијци во 20. век, Тед Банди.

    Властите во Јута искористија напредна ДНК-технологија за да го поврзат Банди со убиството на 17-годишна девојка, чие тело било пронајдено од ловци пред 52 години. Мелиса Ен Смит, ќерка на локален началник на полицијата, била пронајдена на 27 октомври 1974 со траги од силување и мачење.

    Во април, надлежните во Јута утврдија дека тинејџерката Лора Ен Ејм е уште една жртва на Банди. Доказите собрани во тој случај подоцна послужија за расветлување на случајот на Смит.

    Пред да биде погубен во 1989 година, Банди признал дека убил уште две тинејџерки во Јута. Тој се поврзува со најмалку 30 убиства ширум САД.

    Банди го започнал својот крвав поход низ американскиот северозапад. Тој често им приоѓал на жени на јавни места, придобивајќи ја нивната доверба со својот шарм или со глумење повреда. Првпат бил уапсен во 1975 за киднапирање жена, за што добил 15 години затвор. Меѓутоа, во 1977 година побегнал, скокајќи низ прозорец од затворската библиотека.

    По осум дена бил повторно фатен, но набргу пак побегнал и продолжил да убива, сè до конечното фаќање во 1978.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира