Црна Гора би можела да ги финализира преговорите за пристапување кон Европска Унија до крајот на оваа година, соопшти Европската комисија во извештај објавен денеска, отворајќи ѝ го патот да се приклучи кон блокот веќе во 2028 година.
„Црна Гора е многу блиску до завршување на преговорите за пристапување. Сепак, земјата сè уште мора да спроведе неколку реформи, особено во областите на основните права и финансиските услуги“, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.
Доколку преговорите завршат до крајот на 2026 година, Црна Гора би можела да потпише договор за пристапување следната година, изјави еден функционер на ЕУ.
Потоа договорот ќе треба да биде ратификуван од сите 27 членки на ЕУ, што потенцијално ќе ѝ овозможи на Црна Гора да се приклучи кон блокот во 2028 година.
Хрватска е последната земја која стана членка на ЕУ, во 2013 година.



