Комичарот Расел Бренд, некогаш еден од најпознатите британски водители и ѕвезда на холивудски филмови, се соочува со долга затворска казна откако лондонски суд го прогласи за виновен за силување жена и за сексуален напад врз уште три лица.
Обвинителите изјавија дека 51-годишниот Бренд бил опседнат со секс и ги користел жените за да ги задоволи сопствените желби. Една жртва рекла дека тој се однесувал кон неа „како кон животно“.
„Забавен и шармантен кога сакал да биде, но исто така и безмилосен, пресметлив и манипулативен, Бренд бил заинтересиран само да го добие она што го сака од жените. Доказите покажаа дека Бренд е пресметлив сексуален предатор“, рече обвинителот Дејвид Робертс надвор од судот.
Бренд сега се соочува со затвор и со можни натамошни дејствија бидејќи полицијата соопшти дека тој сè уште е под истрага за две други наводни силувања, едно во кое е вмешана тогаш 16-годишна девојка. Актерот ги негираше сите обвиненија.
Но, по четиринеделно судење, поротата го прогласи за виновен за силување и за три сексуални напади извршени меѓу 2004 и 2009 година. На Бренд му беше одбиено ослободување со кауција и ќе биде осуден в понеделник.



