ДЕМОКРАТСКАТА СОЦИЈАЛИСТКА РАМАН ИЗБРАНА ЗА НОВА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА ЛОС АНЏЕЛЕС

    ДЕМОКРАТСКАТА СОЦИЈАЛИСТКА РАМАН ИЗБРАНА ЗА НОВА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА ЛОС АНЏЕЛЕСПобедата на Раман ги шокираше политичките набљудувачи во Калифорнија (Фото: Гети)

    Демократската социјалистка Нитја Раман е избрана за нова градоначалничка на Лос Анџелес.

    Победата на 45-годишната Раман ги шокираше политичките набљудувачи во Калифорнија откако влезе во трката како кандидатка со мали шанси против актуелната градоначалничка Карен Бас, која претходно служеше во Конгресот и никогаш не изгубила избори за политичка функција. Раман често ја споредувааат со градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. И двајцата се демократски социјалисти и се кандидираа на прогресивни платформи.

    Бас, исто така демократка, кажа дека ѝ се јавила на Раман и го признала поразот.

    Урбанистичката планерка родена во Индија првпат освои место во градскиот совет на Лос Анџелес во 2020 година. Раман е застапничка за бездомниците, во градот каде што околу 44.000 луѓе имаат ваков статус, од кои 27.000 живеат на улица.

    Сепак, главното прашање на изборите беа пожарите во Лос Анџелес, во кои загинаа десетици луѓе и беа уништени населби низ целата област во 2025 година. Бас се соочи со силни политички последици поради нејзиното отсуство за време на вонредната состојба и одговорот на катастрофата.

    Во мандатот на Раман, Лос Анџелес ќе биде домаќин на Летните олимписки игри во 2028 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира