НАРОДНА БАНКА ЌЕ ОРГАНИЗИРА АВТОБУСИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ПРИЛЕП, РЕСЕН И ОХРИД ДО „АЛТА БАНКА“ БИТОЛА

    НАРОДНА БАНКА ЌЕ ОРГАНИЗИРА АВТОБУСИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ПРИЛЕП, РЕСЕН И ОХРИД ДО „АЛТА БАНКА“ БИТОЛАЕкспозитурата во Битола работи во две смени, а ќе биде отворена и во сабота, 7 ноември. (Фото: СДК.МК)

    В сабота 7 ноември, Народната банка ќе организира автобуски превоз од Прилеп, Ресен и Охрид до експозитурата на „Алта банка“ во Битола, за граѓаните од овие градови да можат да ги подигнат пензиите и социјалната помош. Точните распореди и времето на поаѓање дополнително ќе бидат објавени.

    „Клиентите на банката немаат потреба да отвораат платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе можат да располагаат со идните приливи во целосен износ, преку платежна картичка или со подигање готовина на отворените шалтери на банката“, рече гувернерот на Народна банка Трајко Славески на вечерашната прес-конференција.

    Тој посочи дека софтверските експерти работат деноноќно за решението да биде овозможено во текот на следната недела, пред истекот на законскиот рок за исплата на платите.

    Од понеделник, 9 ноември, повторно ќе работат и експозитурите во Тетово и Струмица, каде што клиентите без платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари. Со тоа, граѓаните од овие градови и околните населени места нема да мора да патуваат до Битола за да ги подигнат средствата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира