Гувернерот на Народна банка Трајко Славески рече дека има шест заинтересирани инвеститори за купување на „ Алта банка АД Битола“, од кои со две банки веќе се остварени контакти.
Народната банка на 1 ноември воведе привремена управа во „Алта банка АД Битола“, откако на матичната банка во Белград ѝ беше одземена лиценцата за работа и беше отворена стечајна постапка.
Гувернерот на прес-конференција најави три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и социјални трансфери.
Запрашан кое сценарио е најреално за банката, Слaвески рече дека тие се обидуваат да го заштитат имотот на банката и штедните влогови на клиентите, но истовремено бараат и купувач.
„Некои сами пројавија интерес, а и ние сме проактивни. ‘Алта банка’ е регионална банка со голем потенцијал за развој на земјоделието и индустријата, здрава банка чија продажна вредност дури и за средни банки не претставува некој предизвик од финансиска гледна точка“, рече Славески.
- НАРОДНА БАНКА ЌЕ ОРГАНИЗИРА АВТОБУСИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ПРИЛЕП, РЕСЕН И ОХРИД ДО „АЛТА БАНКА“ БИТОЛА
- НЕДЕЛНИОТ ЛИМИТ НА ПОДИГНУВАЊЕ ГОТОВИНА ОД „АЛТА БАНКА“ СЕ ЗГОЛЕМУВА НА 15.000 ДЕНАРИ, РЕЧЕ СЛАВЕСКИ
Ж. ЗДРАВКОВСКА



