ПОЧИНА НАГРАДУВАНИОТ ЧИЛЕАНСКИ РЕЖИСЕР СЕБАСТИЈАН ЛЕЛИО

    ПОЧИНА НАГРАДУВАНИОТ ЧИЛЕАНСКИ РЕЖИСЕР СЕБАСТИЈАН ЛЕЛИОЛелио се прослави со „Фантастична жена“, кој доби Оскар за најдобар странски филм во 2018 (Фото: ДПА)

    Чилеанскиот режисер Себастијан Лелио, чиј филм „Фантастична жена“ доби Оскар за најдобар странски филм во 2018, почина на 52-годишна возраст. Неговата партнерка, германско-чилеанската актерка Амалија Касаи, ја потврди неговата смрт на Инстаграм, наведувајќи здравствени причини.

    Лелио беше пронајден мртов во својот дом во Лас Кондес во близина на чилеанскиот главен град Сантијаго, според извештаите на локалните медиуми. Чилеанскиот синдикат на актери ја опиша неговата смрт како огромна загуба за културната и филмската индустрија во земјата.

    Роден во Аргентина во 1974, Лелио пораснал во Чиле и поминал неколку години живеејќи во Берлин. Се прослави со „Фантастична жена“, драма за трансродова жена која се соочува со предрасуди по смртта на нејзиниот партнер. Филмот ја освои и Сребрената мечка за најдобро сценарио на Берлинскиот филмски фестивал во 2017 година.

    Неговиот претходен филм „Глорија“ премиерно беше прикажан на фестивалот во 2013, освојувајќи неколку награди. Лелио подоцна режираше холивудски римејк со Џулијан Мур во главната улога.

    Неговиот последен филм „Бран“ излезе минатата година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира