„17″ НА КОСАРА МИТИЌ НОМИНИРАН ЗА НАЈДОБРО ЕВРОПСКО ОТКРИТИЕ – ПРИ ФИПРЕСЦИ НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИ

    „17″ НА КОСАРА МИТИЌ НОМИНИРАН ЗА НАЈДОБРО ЕВРОПСКО ОТКРИТИЕ – ПРИ ФИПРЕСЦИ НА ЕВРОПСКИТЕ ФИЛМСКИ НАГРАДИМитиќ е меѓу шесте дебија номинирани за наградата Најдобро европско откритие - При ФИПРЕСЦИ, што во рамките на 39. Европски филмски награди ја доделува Европската филмска академија (ЕФА). (Фото: СДК.МК)

    Филмот „17″ на Косара Митиќ е меѓу шесте дебија номинирани за наградата Најдобро европско откритие – При ФИПРЕСЦИ, што во рамките на 39. Европски филмски награди ја доделува Европската филмска академија (ЕФА) заедно со Меѓународната федерација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ.
    Номинациите за Европските награди беа објавени денеска на церемонија во Солун, а во трката води „Татковина” на Павел Павликовски со 11, следен со „Црно топче” на Хавиер Калво и Хавиер Амброси.

    Во категоријата При ФИПРЕСЦИ номинирани се и „Слатка” на Марлен Емили Лингстад, „Месо и бензин” на Емил ле Гал,  “Гостин” на Мадс Менгел, „13-годишен во Газа” на Хосам Абу Дан и „Ноќе” на Беатрис Гибсон.

    По сценариото на Митиќ и хрватскиот режисер и сценарист Огњен Свиличиќ, “17”се снимаше пролетта 2024. Инспирација е вистински настан од 2016, кога студентка од Скопје го фрлила во корпа за отпадоци своето живородено бебе, во тоалет на граничниот премин Табановце и заминала на апсолвентска екскурзија во странство.

    Во „17“ играат Ева Костиќ, Мартина Даниловска, Ева Стојчевска, Петар Маниќ, Ирена Димеска, Луна Бејков, Христијан Ристески, Алина Христовска, Даме Јовески, Јован Тодоров, Мина Јелушиќ, Тодор Стојковски, Иво Јездиќ, Ана Стојановска, Жаклина Стевковска, Сашко Коцев и Оливер Митковски.

    Доделувањето на 39. Европски филмски награди ќе се оджи на 16 јануари во Атина.

    М.КОСТОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира