До крајот на 2028 година ќе бидат асфалтирани вкупно 28 километри од автопатот Битола-Прилеп, од кои 12 километри ќе бидат пуштени во сообраќај догодина, соопштија од Општина Битола по средбата на градоначалникот Тони Коњановски со претставници на „Бехтел и Енка“.
„Една делница во должина од 12 километри ќе биде пуштена за сообраќај во 2027 година, кога ќе се работи и на делницата пред Битола, со што до крајот на 2028 вкупно ќе бидат асфалтирани 28 километри автопат. Делот кон Прилеп ќе биде ставен во функција последен, зашто треба претходно да се решат одредени состојби со експропријација и со дислоцирање на постоечка инфраструктура“, соопштија од Општина Битола.
Според претходните најави, изградбата ќе опфати 40 километри од патот, кој треба да биде завршен до 2029 година.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



