БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ДВА ДЕНА Е ПОЛА ШТИП

    БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ДВА ДЕНА Е ПОЛА ШТИПНема снабдување со цистерни барем со техничка вода, граѓаните во овие два дена навалија на природните чешми и на маркетите од кои се испразнија залихите на вода за пиење. (Фото: СДК.МК)

    Реоните од централното градско подрачје и повеќе населби во Штип, вклучувајќи ги и приградските населби или речиси половина од градот, повеќе од 40 часа се без вода за пиење. Околу 15 часот,  директорот на ЈП „Исар“ Алексндар Арсовски рече дека нивните служби деноноќно работат на инсталирање на две препумпни станици, но поради нивната ниска кота имале проблем со надворешни води кои се сливале на теренот и создавале проблем на работниците да интервенираат, бидејќи  свлечиштата се опасни по живот.

    „Можам да кажам дека дефектот е остранет и во текот на денот водоснабдувањто постепено ќе се нормализира“, рече Арсовски без да прецизира кога тоа ќе почне, па и три часа по изјавата населбите и реоните кои од вчера сабајлето останаа без вода за пиење и натаму се без вода.

    „Со овие препумпни станици Штип добива нови капацитети со вода за пиење и честитки на стручните екипи кои за толку кратко време ги монтираа сите инсталациии и покрај лошите услови за работи. Со повој зголемен капацитет и со воведувањерто на ‘Скада системот’ кој откри 20 проценти загуба на вода, Штип обезбедува дополнителни количества вода за пиење“, вели Арсовски.

    Но, во услови кога вчера и денеска речиси половина град немаше вода за пиење и во недостиг на снабдување со цистерни барем со техничка вода, граѓаните во овие два дена навалија на природните чешми и на маркетите од кои се испразнија залихите на вода за пиење.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира