Во Црвен крст во Скопје е отворено психолошко советувалиште кое можат да го користат сите граѓани на кои им е потребна стручна и професионална помош. Во советувалиштето ќе има индивидуални психолошки сесии со стручно лице, професионално советување и психолошка поддршка, поддршка во справувањето со стрес, анксиозност и емоционални оптоварувања.
„Работното време на советувалиштето е секој работен ден од 8 до 20 часот. Времетраење на една сесијата е од 45–60 минути. Термините можат да се закажат на телефонскиот број 072 271-048 секој работен ден 8 до 16 часот. Барањето психолошка поддршка не е слабост, туку храброст. Тоа е чекор кон подобро разбирање на себе, кон емоционална рамнотежа и поквалитетен живот“, велат од Црвениот крст.



