„СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“ НА ДИНА ДУМА НА 19 НОЕМВРИ ГО ОТВОРА НОВОТО ОТВОРА „КИНО ОК“ ВО КАВАДАРЦИ

    „СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“ НА ДИНА ДУМА НА 19 НОЕМВРИ ГО ОТВОРА НОВОТО ОТВОРА „КИНО ОК“ ВО КАВАДАРЦИГлавен лик во „Скејтањето не е за девојчиња“ е 13-годишната Адела, која ја игра Евќар Абаз. (Фото: „Продукција Сестри и брат Митевски“)

    На 19 ноември во 20 часот свечено се отвора „Кино ОК” во Кавадарци со проекцијата на „Скејтањето не е за девојчиња“, вториот филм на Дина Дума. Филмот ќе се прикаже и на 20 и 21 ноември од  19:30 часот. Од 20 ноември на репертоарот ќе бидат и хорор филмовите „Повикување на злото“ и „Анабел“.

    „Редовните кинопроекции во градот се враќаат како резултат на соработката помеѓу Домот на културата ‘Иван Мазов-Климе’ и Институтот за филм и кинокултура ‘Синемак’. Во рамките на ова партнерство, ‘Синемак’ ќе придонесе со своите технички капацитети и долгогодишно искуство во градењето и развојот на кинопубликата. Дополнително, преку специјализирана обука, тимот на ‘Cинемак’ ќе му пренесе на локалниот кадар практични знаења за сите аспекти на современото киноприкажување и менаџирање со киносала“, вели основачот Александар Николиќ.

    Следен чекор во оваа соработка е подготовката на салата во Домот на културата за целосна дигитализација според светските ди-си-ај (DCI) стандарди.

    „Скејтањето не е за девојчиња“ ја следи приказната за три генерации жени од скопската ромска населба Шуто Оризари кои се соочуваат со судирот помеѓу традицијата и современите предизвици, раскажана низ перспективата на 12-годишната Адела, која ја игра Ефќар Абаз. Главните улоги ги играт и Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Кинематографер е Фредерик Нуаром.

    Фиомот имаше светска премиера на њујоршкот фестивал Трајбека и ја освои наградата „Нора Ефрон“.

    Во продукција на „Сестри и брат Митевски“ филмот е копродукција помеѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска и фондовите Еуримаж и Медиа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира