УКРАИНА ТРЕТПАТ НЕДЕЛАВА ГО НАПАДНА КРИМСКИОТ МОСТ

    УКРАИНА ТРЕТПАТ НЕДЕЛАВА ГО НАПАДНА КРИМСКИОТ МОСТЛокалните власти кажаа дека штетата се проценува (Фото: социјални мрежи)

    Украина третпат оваа недела изврши напад врз Кримскиот мост, изјави Сергеј Аксјонов, шефот на регионот поставен од Москва. Тој потврди дека сообраќајот е привремено запрен и дека штетата се проценува.

    Овој стратешки важен мост веќе беше погоден двапати оваа недела, при што претрпе сериозни оштетувања. Украинските дронови и проектили тогаш го уништија централниот патен дел од мостот, чиј главен лак се урна во морето.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека нападот бил кулминација на операцијата во седум фази, развиена и координирана од Службата за безбедност на Украина и генералштабот на вооружените сили. Во операцијата биле вклучени 11 различни системи на оружје, вклучувајќи ги проектилите од украинско производство „фламинго“ и „нептун“.

    Последниот напад се случи во пресрет на средбата на Владимир Путин со Доналд Трамп и Шји Џинпинг во Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира