СЛИКА НА ВАН ГОГ СЕ ПРОДАДЕ НА АУКЦИЈА ЗА РЕКОРДНИ 190,7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    СЛИКА НА ВАН ГОГ СЕ ПРОДАДЕ НА АУКЦИЈА ЗА РЕКОРДНИ 190,7 МИЛИОНИ ДОЛАРИСликата „Расцутени костени“ е создадена во 1890 година (Фото: Гети)

    Аукциската куќа „Сотбис“ продаде слика од Винсент ван Гог за рекордни 190,4 милиони долари. Продажбата на делото „Расцутени костени“ го надминува претходниот аукциски рекорд за дела на овој прочуен уметник, кој изнесуваше 117,2 милиони долари и беше поставен во 2022.

    Оваа историска продажба уследи откако во последен момент беше решен спор поврзан со тврдењата дека уметничкото дело претходно било продадено под принуда за време на подемот на нацистите.

    Сликата е создадена во 1890 година, во последните два месеца од животот на Ван Гог. Според „Сотбис“, таа се смета за едно од најзначајните уметнички дела од тој период што останале во приватна колекција.

    Не беше веднаш јасно кој ја купил сликата, која оригинално била во сопственост на германското семејство Фишер. Претставници на неговите наследници тврдеа дека сликата можеби била продадена под принуда во 1930-тите во Амстердам. Од 1975, таа била во сопственост на семејството Блакиер, кое сега одлучило да ја продаде.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира