ЖЕРНОВСКИ ЌЕ ЈА УРИВА ДИВАТА ТЕРАСА НА КАФУЛЕТО „БАСТИОН“

    ЖЕРНОВСКИ ЌЕ ЈА УРИВА ДИВАТА ТЕРАСА НА КАФУЛЕТО „БАСТИОН“Инспекторите ја запечатија дивата летна траса во изградба на кафулето „Бастион“ на улица Аминта Трети (поранешна Ленинова) во Скопје

    Општина Центар ја запечати дивата летна траса во изградба на кафулето „Бастион“ на улица Аминта Трети (поранешна Ленинова) во Скопје. Општинските инспектори уште пред два месеца утврдиле дека сопственикот нема одобрение за градење и најавуваат уривање.

    „На 09.02.2017 година, овластениот градежен инспектор на Општина Центар донесе решение со кое се наредува на инвеститорот Томислав Алексовски да ја отстрани челичната конструкција и бетонска платформа со димензии 12 на 10 метри и да ги врати во првобитна состојба срушените скали. Сето ова е изградено без одобрение за градење. Инвеститорот го примил решението и не само што не престанал и не ја вратил градбата во провобитна состојба, туку изградил доградба под челичната конструкција и бетонска платформа со димензии 12 на 10 метри. И ова инвеститорот го изведувал без одобрение за градење. Инспекторот на Општина Центар издал решение дивоградбите да се отстранат во рок од три дена, во спротивно ќе се пристапи кон присилно уривање“, велат од Општина Центар.

    Општината веќе распишала јавна набавка за избор на фирма која ќе изврши уривањето, а најавува дека ќе побара и асистенција од МВР.

    Минатата недела Општината ја урна мистериозната доградба на улицата Самоилова, откако градоначалникот Андреј Жерновски уривањето го најави на седница на Советот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира